Добрејдовте на БУНДАЛ веб сајтот (дефиниран подолу). Со негово користење Вие се согласувате со Условите на употреба (дефинирани подолу). Ве молиме прочитајте ги внимателно. Ако имате некои прашања обратете ни се.

ПРИФАЌАЊЕ НА УСЛОВИТЕ НА УПОТРЕБА

БУНДАЛ ДООЕЛ, го поседува и менаџира сајтот www.bundal.com.mk (“БУНДАЛ”, “ние”, “наше” или “нас”) . Со употреба на овој сајт и неговите услуги Вие (“Вие” или “крајниот корисник”) се согласувате со Условите на употреба (дефинирани подолу). Исто така се согласувате и со нашата Политика за заштита на лични податоци лоцирана на следниот линк и се согласувате дека повремено ќе ги посетувате Условите на употреба за да сте во тек доколку истите претрпат измени. Политиката за заштита на лични податоци заедно со овие Услови на употреба, збирно се нарекуваат Услови на употреба.

АКО НЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО ОВИЕ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА, ВЕДНАШ ПРЕСТАНЕТЕ ДА ГО КОРИСТИТЕ ВЕБ САЈТОТ И НЕ ГИ КОРИСТЕТЕ УСЛУГИТЕ КОИ ГИ НУДИ “БУНДАЛ”, НЕ УЧЕСТВУВАЈТЕ ВО НИТУ ЕДНА ПРОГРАМА, НЕ ВРШЕТЕ КУПУВАЊА  ПРОИЗВОДИ ИЛИ УСЛУГИ КОИ СЕ НУДАТ ПРЕКУ САЈТОТ.

Услови за користење

За да сме во можност успешно да ги обработиме Вашите нарачани прозводи, потребо е точно да ги пополните бараните податоци. Со помош на тие податоци ние ќе бидеме во можност да Ви ја испорачаме купената роба и услугите… Бундал се залага за зачувување на приватноста и принципите за користење и заштита на корисничките информации. Во согласност со овие начела, Бундал

• Доставува известување на корисниците по вообичаена пракса;
• Овозможува избор на кој начин ќе се користат податоците во        маркетиншки цели;
• Обезбедува можност за ажурирање или промена на податоците;.
• Ограничува достапност на Вашите информации;
• Овозможува контакт во врска со Вашите прашања, поврзани со заштита на Вашата приватност.

Бундал високо го цени односот кој го има со своите купувачи и одговорно е посветена во управување на информациите за корисниците. Големо внимание е насочено кон чување на личните информации, во согласност со постоечките закони за приватност и во склад со интерните стандарди и пракси. bundal.com.мк е во сопственост на Бундал дооел , и какo таква може да разменува информации во кругот на компанијата, собрани од корисниците во постоечките или идните продавници или веб страници кои се во сопственост на компанијата или работат во тие рамки.

Употребување на сајтот

Како предуслов на сајтот, Вие се согласувате дека:

  • Имате најмалку 18 години
  • Сте во можност да направите правна обврска
  • Не ви е законски забрането да користите одредени услуги или производи
  • Нема да се обидете да вршите било какво дејство врз сајтот за вадење на информации од него како пуштање robots, crawlers и други алатки за вадење информации
  • Вашето користење на сајтот во секое време ќе биде во согласност со овие Услови на Употреба
  • Ќе правите легитимни купувања кои се во согласност со условите дадени во секоја понуда
  • Ќе вршите купувања само за Ваша лична употреба или за подароци на пријатели
  • Ќе оставате точни информации за Вас во било кое место на сајтот каде оставате податоци
  • Ќе ги променувате податоците за вас по потреба за да се осигурате дека се точни во било кое време
  • Ќе купувате само од понудите на Продавачите преку сајтот со креирање на профил на сајтот и било кое купување ќе биде предмет на Условите за купување, образложени подолу во овие Услови за употреба
  • Вие сте одговорни за Вашата лозинка и нејзино доверливо чување

Регистрација и најава на сајтот

Доколку сакате да се регистрирате како корисници на www.bundal.com.mk истото може да го направите со кликање на копчето “Регистрирај се” со внесување на своја емаил адреса и лозинка.  При регистрација потребно е задолжително согласување со условите за употреба и политиката за приватност. Доколку не се согласувате не продолжувајте со процесот на регистрација. При секое наредно логирање потребно е да го внесете својот емаил и лозинка за да се логирате.

По успешната најава можете да пристапите до веб сајтот и да ги користи сите функционалности кои се достапни за корисниците.

Информациите кои ги споделувате при регистрација се користат во согласност со Политиката за заштита на податоци на овој линк.

Цени

Цените кои се ставени на сајтот се крајни. Пресметан е ДДВ и транспорт доколку, вкупната вредност на пратката е поголема од 2.490 денари. Ако износот на пратката е помал од 2.490 денари, трошоците за транспорт се на товар на корисникот. Секако сите трошоци се прикажуваат за време на нарачката.Сите понуди и цени на сајтот може да се променат во било кое време, без претходно известување. Сите цени се со вклучен ДДВ.

Бесплатната достава не важи за производи кои се на промоција, и за нив се доплаќа достава според ценовникот на карго транспортот.

Рокови на достава

По плаќањето на нарачката во е-Продавницата, за испорака на производите е потребно од 1 до 3 работни дена. Испораката на производите се врши исклучиво на територијата на Република Македонија и не може да се испорачува надвор од границите на земјата.

Производи

Производите се подложни на промени на амбалажа и состав со цел унапредување на нивните формули од страна на производителот. Бундал не сноси одговорност доколку некој производ се разликува во амбалажата од сликата претставена на web страната.